За развој на бизнис-секторот во земјава неопходно е поголемо намалување на царините за готовите производи, бидејќи нивното движење е согласно препораките и динамиката на Светската трговска организација (СТО). Ова вчера беше потенцирано на прес-конференцијата "Партнерството меѓу Стопанската комора на Македонија и Царинската управа во функција на бизнисот", каде истовремено беше речено дека континуирано се прават максимални напори за намалување на царинските стапки за суровините и репроматеријалите. Оценето е и дека заедничката соработка меѓу стопанствениците и Царинската управа е добра, иако има поплаки за олеснување на трговијата и транспортот. Според Горан Георгиев, советник во Царинската управа, забавениот проток на стока е резултат на повеќе фактори кои не зависат од компаниите кои вршат увоз-извоз. Проблемите некогаш се заради нивните застапници. Дел од тоа е и ненавременото поднесување царинска декларација, како и задоцнетото набавување потребна дозвола за увоз.
За развој на бизнис-секторот во земјава неопходно е поголемо намалување на царините за готовите производи, бидејќи нивното движење е согласно препораките и динамиката на Светската трговска организација (СТО).
Ова вчера беше потенцирано на прес-конференцијата "Партнерството меѓу Стопанската комора на Македонија и Царинската управа во функција на бизнисот", каде истовремено беше речено дека континуирано се прават максимални напори за намалување на царинските стапки за суровините и репроматеријалите. Оценето е и дека заедничката соработка меѓу стопанствениците и Царинската управа е добра, иако има поплаки за олеснување на трговијата и транспортот.
Според Горан Георгиев, советник во Царинската управа, забавениот проток на стока е резултат на повеќе фактори кои не зависат од компаниите кои вршат увоз-извоз.
- Проблемите некогаш се заради нивните застапници. Дел од тоа е и ненавременото поднесување царинска декларација, како и задоцнетото набавување потребна дозвола за увоз - вели Георгиев. Тој објаснува дека извозот и слободниот промет, се само некои од причините кои го одолговлекуваат процесот и го пролонгираат рокот.
Георгиев смета дека оптоварувањето со банкарски гаранции може значително да се намали, доколку Управата информира дека фирмата работи добро и нема царински прекршоци.
- При транзит постои можност за 100-процентно, 50, 30 или нула отстотно покритие со банкарска гаранција, зависно колку фирмата е сигурна и работи според царинските правила - укажува Георгиев. Според него, за да може фирмата да ја искористи оваа законска привилегија, треба да достави соодветно барање до надлежните институции.
Тој истовремено информираше дека се намалува бројот на компаниите кои прикажуваат лажни фактури и погрешно ја претставуваат царинската вредност. Против фирмите кои се обидуваат со лажни фактури да внесат стока, се покренува и соодветна постапка.